Mozilla во текот на вчерашниот ден издаде нова верзија од својот Firefox прелистувач која има само една новина. Firefox 67.0.3 доаѓа со исправка на безбедносен пропуст за кого пишува дека има информации дека веќе е искористен од хакерите.

Ова значи дека доколку сте активен корисник на Firefox, се препорачува веднаш да проверите за нова верзија од прелистувачот, иако можеби ви е наместен тој самиот да проверува и инсталира нови верзии.

Како и сите вакви безбедносни пропусти, така и овој, искористува пропуст во кодот на апликацијата со што може да добие пристап и контрола над компјутерот на корисникот.

Пропустот е пронајден само во десктоп верзијата од Firefox, на сите платформи на кои е достапен, односно на Window, macOS и Linux, додека мобилните верзии се безбедни.

Информацијата за пронајдениот пропуст доаѓа од познатиот сектор во Google, Project Zero, кои се одговорни за пронаоѓање на голем дел од пропустите во познатите апликации и оперативни системи.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.