Mozilla_Firefox_logo_2013.svg

Од денеска достапна е 45-та верзија од интернет прелистувачот на Mozilla, Firefox. Од прифаќањето на брзото вадење нови верзии, како што е случајот со Google Chrome, ретко која нова верзија донесува големи промени.

Главната новина во Firefox 45 за десктоп компјутерите е тргањето на Tab Groups функцијата и додавањето на копче за гледање на отворените табови од другите синхронизирани уреди.

Тргањето на Tab Groups беше најавено уште во ноември минатата година, а причината за тоа е малиот број на корисници кои ја користат оваа функција. Со цел подобрување на перформансите на прелистувачот, од Mozilla се решија за отстранување на ваквите функции кои непотребно додаваат код во програмата.

Новото копче за синхронизирани табови (Synced Tabs button) овозможува преглед на отворените табови на другите уреди каде што корисникот го користи Firefox прелистувачот. Со тоа може полесно да се продолжи со читање на одредена веб страна којашто на пример е започната на компјутерот на работа.

synces-tabs-button

Синхронизираните табови исто така ќе бидат прикажувани и во лентата за адреси при започнување на пишување на нешто, како што тоа досега беше случајот со веќе отворените страни и слично.

Целосната листа на промени во Firefox 45 можете да ја погледнете преку следниот линк.

Новата верзија покрај на десктоп за Windows, Linux и OS X, достапна е и за Android. Главната промена вклучува можност за невчитување на сликите на веб страните додека не се притисне на саканата слика со цел заштеда на интернет сообраќај.

Целосната листа на промени на Mozilla Firefox за Android можете да ја погледнете на следниот линк.

Претходна статијаWindows 10 Mobile надградбата ќе биде достапна од овој месец
Следна статијаFacebook Messenger за Android со нов „материјален“ дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.