Од денес, после скоро 5 години постоење, МојВоздух добива комплетно редизајнирана верзија. Со прекрасен интерфејс кој што се стреми да им помогне на корисниците да подобро го разберат загадувањето, до нова маскота Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух.

МојВоздух започна како иницијатива во 2014 година, и од тогаш има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија. Годинава, МојВоздух ќе се прошири низ балканот (започнувајќи со Косово), и наскоро се надеваме дека ќе може да ја покренеме свеста на што повеќе граѓани околу штетата од загадувањето на воздухот.

МојВоздух и понатаму ќе се стреми да воведува повеќе едукативна содржина, како и повеќе можности како граѓаните да ги преземат работите во свои раце и да ја подобрат животната средина.

Развивачот на апликацијата истакнува дека се надева дека со ова им испраќаме порака на надлежните институции дека притисокот нема да запре се дур не димеше сите чист воздух.

Новата верзија може да ја преземете на следните линкови:

Android – https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality
iOS – https://apps.apple.com/app/id1190987663

Кратки факти за Мој Воздух

  • Достапна на Android, iOS и на веб
  • Преземена од над 100.000 корисници
  • Првата верзија се појавува во декември 2014
  • Има над 50 мерни станици ширум Македонија, од 3 мрежи
    • Државната мрежа на мерни станици
    • Pulse.eco мрежата
    • Универзитет Гоце Делчев – Штип мрежата
  • Ребрендирана во AirCare за лесно ширење низ светот
  • Достапна во Македонија и Србија (со наскоро ширење низ балканот)
  • Користи сателитски податоци од Европската Вселенска Агенција за поточно мапирање на загадувачите
  • МојВоздух е фамилија на еко проекти, вклучуваќи и crowdsourcing мапа за загадувачи, политички бројач на ветувања и други. Сите се достапни на https://mojvozduh.eu
Претходна статијаHuawei P30 lite со вештачка интелигенција го носи развојот на мобилната индустрија на друго ниво
Следна статијаGalaxy Note 10 ќе дојде со многу подобрена камера, како и звук преку екранот поради малите рамки