Мој Весник е македонска Андроид апликација која ги обединува сите македонски веб страни за едноставно читање од еден едноставен и добро дизајниран кориснички интерфејс. Кратко кажано, се работи за агрегатор на содржина слично на time.mk, но во форма на мобилна апликација, со сите предности коишто ги носи таа.

Апликацијата Мој Весник можете да ја симнете од Play Store преку следниот линк, а истата е веќе симната дури 12.000 пати.

Се разбира, преку Мој Весник можете да ја најдете и содржина на Смартпортал, односно истата да ја додадете во вашата листа на извори. Ние дефинитивно препорачуваме да ја симнете и користите оваа апликација, а посебно доколку сте како нас, корисник којшто чита новости од премногу извори.

Инаку, апликацијата е направена наједноставно што може со цел добивање на одлично корисничко искуство, со акцент на содржината.

При првото стартување на Мој Весник, а истото подоцна можете да го промените, ги избирате темите кои би сакале да ги читате, а потоа изворите од тие теми, односно веб страните од кои би сакале да се прикажува содржината.

Потоа, новостите се прикажуваат хронолошки од сите теми коишто ги имате избрано, а ја имате и можноста да отворите една тема конкретно, на пример доколку ви се читаат само новости од технологија, но не и политика.

Повеќе и нема што да објасниме за апликацијата, останува само да ја симнете и самите да ја пробате.

Претходна статијаOppo ќе претстави иновативна технологија за смартфон камерите
Следна статијаСпоред Елон Маск или ќе станеме роботи или ќе бидеме заменети од истите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.