uwp_full-new

Microsoft денеска најави дека развиваат и во наредните недели ќе претстават нова Skype апликација која со тек на време треба да биде единствената достапна за корисниците на десктоп, таблет и мобилните уреди.

Апликацијата ќе биде направена како универзална, односно како една апликација направена да работи на сите видови Windows 10 уреди. За почеток ќе биде достапна на Windows Insider корисниците на десктоп, по што се најавува достапност и на мобилните, а понатаму и за сите корисници.

Новата Skype апликација ќе има сличен изглед со моментално достапната на десктоп, меѓутоа значително освежена и поедноставена. На почеток истата нема да ги вклучува сите функции кои се достапни на сегашната апликација, но планот е со тек на време истите да бидат вклучени, а новата апликацијата да ја замени сегашната.

uwp_narrow-new

Една Skype апликација требаше да биде целта на Microsoft уште од самиот почеток, односно од претставувањето на Windows 8, оперативниот систем со којшто започна идејата за еден оперативен систем за сите видови на уреди.

Тогаш поради намената на оперативниот систем и за уредите со екран на допир, беше претставена посебна Skype апликација, но повеќето корисници разбирливо продолжија да ја користат понапредната десктоп верзија.

Во Windows 10 се отиде во правец на интегрирање на SMS и Skype комуникацијата со претставувањето на Skype Messaging и Skype Video апликациите прво достапни на мобилен, па и на десктоп.

Меѓутоа корисниците повторно беа ставени во ситуација да се чудат која апликација да ја користат, односно старата и со сите функции Skype за десктоп апликација или новата која е во развој.

Со најавата на универзалната апликација сите овие дилеми и забуни ќе завршат, а корисниците ќе имаат една апликација.

Извор: Skype, TNW, The Verge

Претходна статијаРусија развива технологија за драматично скратување на патувањето до Марс
Следна статијаПред 15 години беше претставена Mac OS X верзијата од овој познат оперативен систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.