PowerToys е алатка која Microsoft ја претстави во Windows 95. Истата започнува како начин за програмерите од компанијата да тестираат нови можности, но потоа прераснува во апликација која на корисниците им овозможува одредени функции кои не се вградени во самиот оперативен систем, а со тоа и почна да се користи популарно од страна на „напредните“ корисници.

Оваа алатка во својата оригинална верзија има овозможува работи како отворање на Command Prompt командна линија директно на локацијата каде е отворен File менаџерот, подобра работа со одредени видови на датотеки, лесно менување на резолуцијата на мониторот и повеќе, а функциите можете да ги видите на овој линк.

Сега Microsoft претставува нова и модерна верзија од оваа алатка наменета за Windows 10. Интересно, истата е направена со отворен код кој веќе е достапен на GitHub.

Алатката, односно апликацијата ќе им стане достапна на корисниците од ова лето, а за почеток ќе има две функции.

Едната ќе биде додаток на копчето за зголемување на прозорите. Со поминување со глувчето врз ова копче, ќе се појави можност да тој прозор се префрли и зголеми на нов десктоп, односно на нов виртуелен десктоп.

Втората е прикажување на сите кратенки на оперативниот систем со задржување на Windows копчето.

За понатаму се планираат повеќе функции, а дел од нив кои Microsoft ги истакнува се следните:

  • Целосен менаџер за прозорците, вклучувајќи и специфични прилагодувања за кога лаптопот е поставен на док и кога не е
  • Менаџер на кратенки
  • Замена за Win+R
  • Подобрување на Alt+tab со интеграција во интернет прелистувачите
  • Следење на батеријата
  • Групна промена на имиња на датотеки
  • Брза промена на резолуцијата преку таскбарот

Алатката ќе има и повеќе функции, а со тоа што е направена да биде со отворен код, може да се очекува на неа да работат и други програмери кои ќе придонесат со своите идеи и потреби.  

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаКристина Фростер на предавање во Скопје ќе открие која е иднината на контент маркетингот
Следна статијаОптика VS бакар или како тенките оптички влакна пренесуваат податоци со брзина на светлината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.