IMG_0066

App Social е апликација наменета за откривање на нови и интересни апликации на Windows Phone платформата. Истата подржува можност за креирање на листи од апликации кои што потоа можат да бидат следени од корисниците.

Оваа апликација беше надградена на нова верзија оваа недела, па наместо нови функции или класичното подобрување на перформансите, апликацијата беше променета само да линкува до главната продавница за апликации на оперативниот систем.

Кога ќе ја вклучите апликацијата добивате екран со сина позадина, логото на апликацијата и текстот „App Social е променета. Најдете ги апликациите кои што ги сакате тука“, па по притискањето се отвора главната продавница за апликации.

Оваа апликација можеби не е најдобрата од овој вид, но сепак беше добар начин за откривање на апликациите кои што не се достапни за нашиот пазар. Доколку некој од тие апликации сакате да ја имате, можете да го промените регионот на телефонот и да ја инсталирате. Сега барањето на интересни апликации можете да го правите преку други наменети за тоа, како и самата продавница за апликации која што во Windows 10 ќе биде целосно редизајнирана.

Претходна статијаЕвропски суд одлучи дека Skype не може да добие трговска марка во ЕУ
Следна статијаНовите Intel Xeon процесори го забрзуваат времето за увид, трансформирајќи ги податоците во предност кај бизнисот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.