По прикажувањето на новото лого кое ќе се користи со пуштањето на официјалната верзија од Microsoft Edge направена на основа на Chromium, сега истото е официјално, како и датата кога ќе биде пуштена првата финална верзија од Edge.

Датата е на почетокот од идната година, односно 15 јануари, а од оваа недела достапната бета верзија од прелистувачот е и последната пред пуштањето на финалната верзија. Тоа значи дека доколку ја инсталирате најновата бета од Microsoft Edge, направена на Chromium 79, вие ќе ја користите верзијата која ќе им биде официјално достапна на сите идната година.

Microsoft Edge ќе им биде достапен на корисниците на Windows 10, Windows 8, Windows 7, како и на корисниците на macOS. Edge веќе е достапен за корисниците на iOS и Android, а сега за сега нема ништо од најавената поддршка за Linux.

Ново во последната бета која можете да ја симнете од тука, е стандардното вклучување на tracking protection, нешто што досега мораше да се вклучи преку влегување во „скриените“ опции од прелистувачот.

Достапни се три нивоа на заштита од таканаречените тракери, а истите може да се изберат преку Settings, па во Privacy делот.

Во главно новините во најновата бета се во кодот, а некои од најавените функции, како Collections сепак уште се само во тест верзиите, па изгледа нема да биде пуштена со првата официјална верзија.  

Претходна статијаMicrosoft го зачува стариот Superman филм на парче стакло
Следна статијаЛасери можат да ги „излажат“ дигиталните асистенти дека добиваат гласовни команди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.