Microsoft на почетокот од овој месец најави дека го откажува развојот на својата EdgeHTML веб технологија и ќе го префрли развојот на Edge прелистувачот на основа на повеќе популарниот, достапен и со отворен код Chromium проект.

Ова значи дека Microsoft Edge ќе биде развиван на основа на истиот код, истата технологија, на која е развиван Google Chrome, што значи може да се очекуваат истите перформанси, ако не и подобри сега кога и Microsoft ќе придонесува кон тој проект.

Она што се очекува е да Edge сепак го задржи својот изглед и функционалности, односно промената во главно да дојде во задната страна. Исто така, се очекува достапност на Chrome додатоците, како и почести надградби поради издвојување од Windows Update.

Како што тоа го прави со Windows 10, но и други призводи, Microsoft направи Edge Insider програма која ќе им овозможи на корисниците пристап до оваа нова верзија од прелистувачот додека истата уште е во развој.

Со оглед на тоа што не е познато за кога се очекува финалната верзија, а Insider верзијата некаде на почетокот од идната година, сигурно голем број на корисниците ќе сакаат да го пробаат новиот Edge штом стане достапен.

Доколку сте заинтересирани да го пробате новиот Edge, можете да се пријавите на Microsoft Edge Insider програмата на овој линк, по што ќе бидете информирани кога и од каде ќе можете да го инсталирате.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаMotorola во 2018 година – историски успех и многу причини за славење
Следна статијаМакедонската игра Wounded наскоро излегува на најпознатата светска платформа за игри Steam
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.