edge-extensions-page-1

После неколкуте неофицијални информации коишто можевме да ги прочитаме изминатиот период, изгледа дека навистина поддршката на Microsoft Edge за екстензии е блиску.

Како што и се очекуваше, екстензиите прво ќе бидат достапни за корисниците на Windows Insider верзијата од Windows 10, а според најавите таа верзија ќе биде веќе наредната за овој месец.

Дека пуштањето на екстензиите е навистина блиску денеска можевме да видиме од „случајно“ пуштената, па тргната веб страна на Microsoft наменета за екстензиите. Истата веќе не е достапна, но можете да ја видите кешираната верзија преку следниот линк.

Од тоа што можеше да се види, повеќето информации досега се потврдуваат. Тие не почеток ќе бидат достапни за Windows Insider корисниците кои ќе имаат можност да ги тестираат, по што ќе бидат пуштени за сите корисници.

Додека се во тест фаза, корисниците ќе мора да ги симнат и рачно инсталираат екстензиите, додека по пуштањето за сите корисници, тие ќе може да се инсталираат преку Windows Store, како што кажуваа и неофицијалните информации.

edge-extensions-page-2

На страната исто така можеа да се видат и три екстензии, а не е познато дали и толку ќе бидат достапни во старт или ќе има повеќе.

На листата беа прикажани екстензиите Microsoft Translator, Mouse Gestures и Reddit Enhancement Suite. За мене неопходно е додавањето на Pocket, се надевам дека ќе ја има оваа екстензија меѓу првите.

Не би не изненадило ако веќе оваа недела со пуштање на нова Insider верзија на Windows 10, бидат пуштени и екстензиите коишто очигледно се во последна фаза на спремање.

Извор: MSPowerUser, PocketNow, The Verge

Претходна статијаSamsung Gear VR – први импресии
Следна статијаНовиот Razer Blade гејмерски лаптоп е помоќен, полесен и поевтин од претходникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.