extensions-1

Една од функционалностите кои најмногу ги сакаме кај нашите десктоп прелистувачи и кои ги разликуваат од мобилните верзии се токму екстензиите. Засега, прелистувачи со најголем број и најдобри екстензии се Mozilla Firefox и Google Chrome, но нив наскоро ќе им се придружи и Microsoft Edge, новиот прелистувач во Windows 10.

Ова не е новитет самото по себе – екстензиите во Edge требаше да пристигнат со надградбата во ноември, која беше првата поголема надградба за Windows 10. Сепак, Microsoft ја одложи оваа функционалност на прелистувачот, веројатно за да испегла некои проблеми. Сега, дознаваме дека екстензиите сепак набрзо ќе пристигнат во прелистувачот на Microsoft, веројатно на почетокот на наредната година, што може да биде голем поттик за корисниците да се префрлат на него.

extensions-2

На протечената информација од специјализираниот за Microsoft “h0x0d”, може да се види дека Microsoft на својата “cloud” платформа Azure, објавува дека екстензиите за Edge пристигнаа, а на сликата може да видиме две од нив – Pinterest и Reddit Enhancement Suite. Исти вакви екстензии има и во Google Chrome, што го потврдува најавеното дека со мали преправки, дивелоперите ќе можат да ги искористат истите екстензии од тој пребарувач.

Иако Microsoft веќе ја тргна спорната страна од интернет, тоа што протече во овој период најавува дека набрзо ова би можело и официјално да се случи. Екстензиите за Edge со сигурност ќе пристигнат со некоја идна надградба на целиот Windows 10,  а можно е нив први да ги „вкусат“ корисниците на Insider верзиите. Во секој случај, ова со сигурност ќе се случи многу скоро.

Извор: The Verge, Windows Central, GHacks, PC World

Претходна статијаМистеријата откриена: Познати личности од Македонија учествуваат во најиновативната кампања на интернет досега
Следна статијаУште еден изум од „Враќање во иднината“ за 2015 – Јакна која сама се суши