Со оглед на сопственоста над WhatsApp и Instagram логично е да се заклучи дека овој потег беше само прашање на време. Верувањата се дека ова е и причината зошто основачите на WhatsApp и Instagram го напуштија Facebook после толку години, односно откажувањето на политиката на Марк Закерберг да не се меша во досега независните сервиси во сопственост на неговата компанија.

Информациите доаѓаат од The New York Times и според нив Facebook работи на целосна преработка на основата на која работат трите сервиси, односно технологијата која овие три платформи ја користат за пораки.

Целта е да се унифицира и интегрира технологијата за пораки со што ќе се овозможи комуникација помеѓу нив. Тоа значи дека корисниците ќе можат да пратат порака од Messenger на WhatsApp, на пример, на корисник којшто нема Facebook, ниту Messenger.

Интеграцијата на трите платформи ќе ја донесе и функцијата која моментално ја има само WhatsApp, а тоа е шифрирање на пораките со цел само тие кои се дел од комуникацијата да можат да ги видат.

Сепак, овој потег, иако според мене очекуван и логичен, веќе носи одредени негативни коментари. Facebook со ова ќе добие уште поголема контрола над огромниот број на корисници кои се мерат во милијарди, а се поставува и прашањето на монопол на пазарот.

„Ние сакаме да го изградиме најдоброто искуство за пораки коешто можеме и луѓето сакаат испраќањето на пораки да биде брзо, едноставно, сигурно и приватно. Работиме на тоа да ги направиме повеќе од нашите производи за пораки „од-крај-до-крај шифрирани“ и ги зимаме во предвид начините на кои можеме да направиме да биде полесно да се стигне до пријателите и семејството низ мрежите. Како што би очекувале, има доста дискусија и дебата како што го почнуваме овој долг процес на откривање на сите детали за тоа како ова би функционирало“ – истакнаа од Facebook на објавената информација.

Според информациите ова нема наскоро да се случи, па најрано што може да се очекува е до крајот на годината, односно на почетокот од идната.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаДојче Телеком e највреден европски телекомуникациски бренд
Следна статијаHuawei најавува преземање на првото место на пазарот од Samsung до крајот на 2020
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.