Facebook тестира алатка која ќе им послужи на компаниите во комуникација со својата публика. Примарно насочен за компании кои не се во состојба да „ангажираат“ бот за оваа намена. Алатката наречена Messenger Broadcast ќе им овозможи на компаниите да испратат порака до сите корисници со кои веќе биле во контакт претходно.

Алатката во моментов се тестира на мал број бизнис page-ови од САД, Мексико и Тајланд. Услугите се бесплатни за користење, во моментов, но од Facebook стигна потврда дека тоа набрзо ќе се промени. Имено, се очекува Broadcast сервисот да стане комерцијален производ кој би им се наплаќал на компаниите.

Messenger Broadcast
Media: Screenshot (TechCrunch)

Како во пракса ова ќе функционира, односно дали ќе се задржи квалитетот на начинот на рекламирање е тешко да се предвиди. Огромната база на корисници го прави Facebook Messneger „обработлива почва“ за промовирање и рекламирање. Меѓутоа, постои сериозна шанса истиот да биде пренатрупан со ирелевантни информации и спам пораки.

Конструирањето на овој вид пораки е максимално едноставно и наменето за луѓе со слабо познавање. Доволно е само да се внесе насловен текст и суштината на пораката, да се додаде слика и популарно наречениот call to action. Групирањето на публиката која ќе ја добие пораката е исто така поедноставено. Се на се, уште една алатка за рекламирање за чие користење не ви се потребни особени вештини.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаНовиот смартфон VIVAX Fly V1 е едноставно „Предобар“
Следна статијаКако изгледал објектот во кој е основана компанијата Nintendo во 1889?