Две од водечките компании за интернет безбедност Kaspersky Lab и Avira издадоа предупредување до своите корисници за потенцијална опасност која се шири преку платформата Facebook Messenger.

Се работи за содржина која се пренесува преку порака од корисник на корисник, а која води до видео. Кога ќе се отвори, пораката наведува на веб-сајт и иницира неавторизирано „симнување“ и инсталирање на штетен софтвер.

Форматот на пораката е препознатлив, го содржи името на примачот на пораката проследен со „видео“ и линк кој во себе содржи кратенка bit.ly или t.cn.

Според оценките на експретите од Kaspersky корисниците на различни оперативни системи и веб-пребарувачи имаат различно искуство при отворањето на штетниот документ. Имено, некои корисници биле наведувани да инсталираат лажен Flash Player, додека на други автоматски им се инсталирал софтвер за собирање податоци кои се користат за рекламирање.

Во друг случај пак, се проценува дека вирусот имал за цел да анализира податоци од Facebook сметките на жртвите.

Напади од ваков вид се неретка појава на Facebook иако генерално немаат за цел сериозно да им наштетат на корисниците. Доколку се најдете во ситуација да примите порака од ваков вид, секако, не го следете линкот. Меѓутоа, обидете се да ја контактирате личноста од која пораката доаѓа со цел да ги предупредите да ги превземат потребните мерки.

Претходна статијаInstagram ја дополни опцијата за споделување Албуми
Следна статијаСамсунг ги претстави новите, подобрени уреди за носење – Gear Sport, Gear Fit2 Pro, Gear Icon X