lastpass-3-is-here

LastPass е додаток за интернет прелистувачите кој претставува замена за вградените менаџери на лозинки, кои имаат само основни функции. Преку него вие ги зачувувате сите ваши информации за најавување на веб страните кои ги користите, како корисничко име и лозинка, истите се синхронизираат и ви се достапни на било кој друг компјутер. Кога ја отворате страната каде што треба да се најавите, LastPass автоматски ги впишува информациите, па вие се што треба е да притиснете на копчето за најавување, а доколку првпат креирате сметка ви генерира сигурна лозинка. Покрај зачувување на информациите за најавување на веб страни, може да зачувате и информации од типот на вашата кредитна картичка и слично. LastPass исто така има и апликации за Android и iOS, па вашите лозинки може да ги имате со вас кога и да ви затребаат.

LastPass ја претстави својата нова 3.0 верзија која е достапна за сите досегашни прелистувачи и платформи, Chrome, Firefox, Internet Explorer, Android и iOS. Што е ново во третата верзија ?

  • Подобрено корисничко искуство и преработен кориснички интерфејс
  • Икони во полињата за побрз и полесен пристап до информациите за најавување и алатките
  • Папка за споделување на лозинки помеѓу 5 лица
  • Повеќе функции на папката за споделување за Premium корисниците
  • Преработени апликации за Android и iOS
  • Историја на промените во Сигурните белешки
  • Поддршка за Windows 8.1

Она што прво се забележува е поедноставеното мени на додатокот за прелистувачите. Истото сега има помалку опции и поедноставен дизајн кој е полесен за користење. Исто така лентата со нотификации е заменета со икони на полињата кои што треба да бидат пополнети, па многу побрзо и полесно го правите изборот при користењето. Се што до сега го правевте преку лентата која се појавуваше на врвот од страната, сега го правите преку иконите во полињата.

Апликациите за мобилните се направени за прелистувачот да биде во преден план, па истиот е сега интегриран со трезорот за побрзо пребарување на страни и нивно повикување.

Претходна статијаНаправете сопствен Cloud Storage со Transporter Sync
Следна статијаНова верзија на Google Search апликацијата за iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.