Познатата шпанската прва фудбалска лига, кратко и популарно наречена La Liga, е казнета од страна на шпанските власти за заштита на приватноста. Казната е во висина од 250.000 евра, а истата се однесува на прислушкувањето кое официјалната апликација на организацијата го правела.

За што точно се работи. Официјалната апликација на La Liga, која е симната од повеќе милиони корисници, им овозможува на истите да ги гледаат резултатите од натпреварите, кои се следните натпревари и слични информации кои би се очекувале од една ваква апликација.

Тоа што корисниците сигурно не го знаеле, иако е истакнато во дел од информациите за апликацијата, е дека таа има пристап до локацијата на корисниците, како и до микрофонот на телефонот.

Овој пристап бил користен да кога има натпревари се вклучувал микрофонот на телефонот со цел да се открие дали е пуштен натпревар на телевизорите во барот каде корисниците се наоѓаат. На тој начин од организацијата потоа можеле да проверат дали тој бар има платено лиценца за пренесување на натпреварите.

Од La Liga се бранат дека ова како информација им е достапно на корисниците на апликацијата, а тие можат да го исклучат пристапот до микрофонот и локацијата. Сепак, колкав процент од корисниците навистина проверуваат за вакви работи, а посебно од апликација за која никогаш не би помислиле дека може да има пристап до микрофонот.

Ова секако покажува што се е можност во денешно време на масовно користење на мобилните телефони. Кој може да гарантира дека оваа апликација го вклучува пристапот до микрофонот само кога корисникот е во бар.

Дополнително од La Liga истакнуваат дека тоа што го слуша микрофонот се претвора во код и дека нивните вработени не можат да слушаат што корисниците разговараат околу телефонот.

Оставете коментар