iTunes е апликација од Apple без која скоро и да не се може доколку сте корисник на iPhone или iPad. Истата иако е во главно наменета за одредени сервиси кои не баш сите се достапни во Македонија, сепак е и одлична апликација за синхронизација на уредот со компјутерот, како и инсталирање на надградби во одредени ситуации кога не би сакале да ги направиме директно преку уредот.

Веќе одамна беше најавено дека iTunes ќе биде достапна преку Windows Store, меѓутоа почна да се чини дека како и за многу други најави за оваа платформа и оваа ќе остане само на најава.

Сепак, од оваа недела Apple официјално ја направи достапна својата апликација за инсталирање преку Windows Store, па сите корисници кои сакаат да ја искористат предноста која ја носи овој начин на инсталација на апликации, сега веќе тоа ќе може да го направат.

Инаку, главната предност на оваа достапност доаѓа кај корисниците кои не можат да инсталираат апликации надвор од Windows Store. Не се работи баш за многу корисници, а посебно што таа верзија, односно режим наречен Windows 10 S, се’ уште не е масовно достапна.

Друга предност на оваа новост е што сепак Microsoft се обидува да ја развие својата продавница за апликации, привлекувајќи што повеќе компании и програмери да развиваат за оваа платформа. Дел од тие апликации се истите кои што може да се симнат преку интернет, меѓутоа достапноста на познати имиња сигурно ќе привлече и развој на апликации специјално направени за оваа продавница.

Една од предностите на користењето на Windows Store за инсталирање на повеќето апликации е што се добива можноста за автоматски надградби со сите други апликации од една место, наместо посебно проверување на секоја апликација. Исто така, програмерите може лесно да ја вградат поддршката за известувања и за „живите“ плочки на кои се прикажуваат информации.

iTunes за Windows 10 преку Windows Store можете да ја симнете преку следниот линк.

iTunes – Windows Store

ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаСе одржа првата Национална конференција за проектен и ИТ менаџмент во Скопје
Следна статијаWindows 10 April 2018 Update станува достапна од понеделник 30-ти април
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.