Apple го престави овој нов сервис со претставувањето на новата верзија на нивниот мобилен оперативен систем iOS 7. Со ова тие влегуваат во директна конкуренција со веќе постоечките сервиси како Pandora, Spotify, како и Google Play Music All Access или Xbox music. Во главно iTunes радио ги има веќе познатите функции како и другите вакви сервиси, меѓутоа сепак во продолжение кратко ќе ви ги претставиме. Како и другите вакви сервиси и iTunes радио не е достапен за корисниците во Македонија.

Во главно оваа е доста едноставен сервис преку кој што избирате каква музика сакате да слушате, преку избирање на изведувачи, песни или жанр. Врз основа на направениот избор iTunes радио креира радио станица која ги пушта песните според направениот избор, како и слични песни. Исто така доколку не сте сигурни точно каква станица да направите, можете да изберете од станиците понудени од самиот сервис. При слушањето на музиката можете да го „наштелувате“ системот со давање оценка на песните кои ви се пуштени, па со тоа системот го учи вашиот вкус и го подобрува изборот на песни што ги пушта. iTunes радио можете да го користите на повеќе уреди, односно на iPhone, iPad, iPod Touch, Mac, PC и Apple TV. Ова е бесплатен сервис кои што пушта повремени реклами, а доколку не сакате да добивате реклами може да се претплатите на таканаречениот iTunes Match. iTunes Match чини $24.99 годишно. Меѓутоа ова не е главната и единствена можност што ја нуди iTunes Match. Со овој сервис песните што ги имате локално се синхронизираат со iCloud и стануваат достапни на сите ваши уреди преку скенирање на музиката што ја имате, па доколку е достапна во продавницата, автоматски станува достапна на сите ваши уреди, а доколку нешто не е достапно ќе биде синхронизирано со iCloud. Синхронизација се врши и за музиката што ја имате во iTunes од вашата колекција на CD-а.

itunes match

Претходна статијаSkype престанува со развој за Windows Phone 7
Следна статијаAndroid 4.4 излегува во Октомври заедно со новиот Nexus 5 ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.