ie-web

Internet Explorer 11 е најновата верзија на прелистувачот од Microsoft која беше претставена со пуштањето на Windows 8.1. На почетокот достапен само за најновата верзија од оперативниот систем, беше најавено дека наскоро ќе биде достапен и за корисниците на Windows 7 кои до сега сепак можеа да ја користат тест верзијата. Од четврток достапна е финалната верзија на Internet Explorer 11 за сите корисници на Windows 7, која ќе биде автоматски надградена во наредните недели. Доколку не сакате да чекате до автоматската надградба, IE 11 можете да го симнете на следниот линк.

Според Microsoft оваа верзија на прелистувачот е за 9% побрза од претходната 10-та верзија на Internet Explorer, а дури 30% побрза од другите достапни прелистувачи, како Google Chrome и Mozilla Firefox. Брзината се однесува на перформансите при користење на JavaScript и оваа верзија на Internet Explorer доаѓа со Chakra JIT Java компајлер.

ie11-java-test

Покрај подобрувањата во брзината Internet Explorer 11 доаѓа и со подобрени сигурносни и функции за приватност, како и поддршка за најновата верзија на WebGL и HTML 5 видео без потреба од plug-in. За разлика од IE 11 на Windows 8.1, на Windows 7 прелистувачот не ја користи Google SPDY технологијата. Корисничкиот интерфејс не е променет од претходната верзија, па оваа надградба преставува само надградба во перформансите и компатибилноста со веб технологиите.

Претходна статијаВашата Google+ слика како Caller ID на повикуваниот телефон
Следна статијаGoogle нема да дозволува инсталирање на екстензии на Chrome надвор од Chrome Web Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.