Достапна само на ограничен број на корисници, како и обично, Instant Games за Facebook Messenger од оваа недела станува достапна за сите корисници на оваа популарна апликација.

Се работи за нова платформа која ќе овозможи играње на игри помеѓу корисниците на Messenger, нешто што треба да придонесе за уште поголема популарност на веќе една од најпопуларните апликации.

На почеток ќе има до 50тина наслови, а од Facebook истакнуваат дека нови игри се додаваат на неделно ниво. Сепак, достапните игри ќе зависат и од регионот, односно нема сите игри да им бидат достапни на сите корисниците во светот.

Исто така, доколку се’ уште не можете да го најдете делот за игри, така е зошто пуштањето на новата функција ќе оди постепено, односно во периодот од наредните неколку недели.

Од Facebook истакнуваат дека платформата за игри ќе вклучува можност за креирање на таканаречени „игри со богати карактеристики“ (rich gameplay), нешто што кога програмерите ќе почнат да го користат, ќе можат да понудат навистина квалитетни игри.

Една од првите игри која е достапна на Instant Games платформата е Words With Friends од познатите Zynga кои ќе направат повторен обид да го освојат мобилниот свет на игри, како што тоа им успеа на Facebook пред неколку години.

Воведувањето на оваа нова платформа ја зголемува веќе сложената апликација Messenger која одамна се претставува како посебна платформа, а не само како апликација за разговори. Очигледно тоа им се допаѓа на корисниците кои се повеќе ја користат оваа апликација.

За тие кои сепак не ги сакаат сите овие додатни функции, а и имаат послаб смартфон, препорачуваме да ја инсталираат „полесната“ верзија наречена Messenger Lite, достапна во Play Store.

За сите останати, за некоја недела, покрај досегашните разговори, стикери и слични додатоци, ќе можете да почнете да играте со вашите пријатели.

Извор: Facebook, The Verge, VB

Претходна статијаИнтервју со Кристијан од Dark-1 развивачи на Odium – од game jam прототип до целосна игра
Следна статијаYouTube доби нов изглед и темна тема – како веднаш да го вклучите?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.