Пред скоро 2 месеци, Instagram најави неколку промени кои од оваа недела стануваат достапни на мобилната апликација од друштвената мрежа. Доколку секогаш редовно ги ажурирате вашите апликации, а во овој случај Instagram апликацијата, овие нови функции веќе ви се достапни.

Главната новина е воведувањето на видео повици кои може да се прават и со до 4 корисници во исто време. Можноста за видео повик е достапна кај директните пораки, а лесно може да се забележи преку новата икона на горниот десен агол во форма на видео камера.

За правење на групни повици потребно е прво да е креиран групен разговор, по што со притискање на истата нова икона, се започнува видео повикот. Доколку веќе е активен видео повик, иконата се менува во сина боја, по што корисникот може да се приклучи на тој групен видео разговор.

Втората новина е во делот Explore. Во овој дел се додадени посебни канали, поделени според теми, па разгледувањето може да се прави подетално, за разлика од претходно. Првата страна на овој дел останува иста, односно тоа е „For you“ страната на која во главно ќе бидат прикажувани досегашните објави, а секој што сака да види нешто конкретно може да притисне на новите ленти на горната страна.

Третата новина е во основа надополнување на камерата со нови ефекти, па како корисниците ќе имаме уште повеќе начини да ги направиме нашите објави интересни.

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаПредоцна е за да им се верува на Фејсбук
Следна статијаКако ќе изгледа основниот од трите iPhone модели кои треба да бидат претставени оваа есен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.