Instagram, Facebook, но и Google и Apple, сите во своите најнови верзии од производите почнаа да додаваат таканаречен „Time Well Spent“, односно „Digital Wellbeing“ дел. Овој дел, кој носи повеќе имиња, е дел од движење кое има за цел да ја намали зависноста на корисниците од технологијата, поточно од константното отворање на мобилните телефони и проверка на известувања, друштвените мрежи и слично.

Instagram од минатата и оваа недела, почна да ја пушта својата верзија од ова движење, па сега ќе може да видите колку минути во денот поминувате на оваа популарна друштвена мрежа.

До делот од апликацијата наменет за ова можете да дојдете преку притискање на вашата профилна слика во долниот десен агол, па притискање на хамбургер менито, односно трите линии во горниот десен агол. Тука ќе забележите дека стои „Your Activity“ копче кое ве носи до новиот дел.

Тука во централната позиција стои просечното време поминато на Instagram во изминатата недела, а со притискање и држење на секој ден посебно, можете да го видите времето за секој ден.

Подолу е поставена можноста да изберете колку време во текот на денот сметате дека би требало да поминувате на оваа друштвена мрежа, па Instagram ќе може да ве извести доколку дојдете до тој лимит.

Сега за сега само добивате известување, а ваше е да одлучите дали ќе престанете да ја користите апликацијата за тој ден или сепак ќе продолжите. Јас мислам дека повеќето од нас ќе продолжат ?.

Instagram не дава некакво известување за оваа нова функција, па најверојатно веќе ја имате, но ако не проверите самите, нема да знаете.

Претходна статијаThe Boring Company на Елон Маск го заврши копањето на првиот тунел
Следна статијаNetflix покажа како нивната iOS апликација може да се контролира само со очите и израз на лицето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.