Instagram преку својот блог најави дека во наредните неколку недели ќе тестира нова поставеност на профилните страни на корисниците. Новата поставеност вклучува промена во иконите, копчињата, како и начинот на којшто се прави навигацијата на посебните делови од профилот.

Од компанијата истакнуваат дека нивната цел е да се добие повеќе чиста и лесна навигација низ профилите, а со тоа корисниците ќе добијат подобар начин да се изразат себеси и да се поврзат со другите корисници.

Како што може да се види на примерот од насловната слика, профилната слика е поместена на десната страна, додека повеќе информации за корисникот се поставени на левата. Копчињата за следење и пораки, а во случајот за бизнис профилите, копчињата за повик, имејл и насоки, се поставени под сликата и информациите и тие се подобро истакнати.

Промена има и во листата на пријатели, односно профили кои се следат и ги следи корисникот, а додаден е и дел за заедничките пријатели.

Промените како и секогаш, ќе бидат тестирани, по што ќе бидат воведени во некоја форма за сите корисници, доколку тестот не покаже повеќе негативни реакции.

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаCinemagraphy – уметност на врвот на вашите прсти
Следна статијаLG ги регистрира имињата Flex, Foldi и Duplex асоцирајќи на можно претставување на смартфон со екран кој се превиткува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.