instagram, бизнис профили, новости, API

Популарната социјална мрежа Instagram тестира нова функција, речиси преземена од Snapchat. Се работи за идентификација на корисниците кои зачувуваат т.н. PrintScreen од туѓи фотографии поставени на Story. До сега Instagram ги идентификуваше само оние кои ги зачувуваа сликите пратени во делот на direct message.

Во соопштение испратено до магазинот за технологија TechCrunch, од компанијата објаснуваат дека се работи за тестирање на ваквата функција. Пред да биде јавно пуштена, Instagram сака да го „опипа теренот“ кај своите корисници. Како што велат, корисниците кои прават PrintSreen се известени за последиците од таквото поведение.

Во секој случај се работи за предупредување во кое буквално се вели дека:
-Наредниот пат корисникот кој го објавил видеото или фотографијата на Story ќе може да види дека го имате зачувано. Сосема коректно и фер…

Од другата страна на приказната пак, известувањето ќе се појави во делот каде што се вбројани корисниците кои го имаат видено Story-то. До иконата со корисничкото име ќе се појави илустрација на објектив. На тој начин ќе бидат обележени корисниците кои зачувале некоја од вашите „приказни“. Функцијата е применлива и за Screen recording кој зачувува видео од неколку секунди од она што е прикажано на екранот на уредот.

За сите вас доволно упорните да стигнете до самиот крај на текстот, мал совет за тоа како да ја надмудрите дури и новата функција на Instagram. Имено, доколку го префрлите уредот на авионски режим, Print Screen-от нема да биде идентификуван. Заблагодарете ни се подоцна…

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаЗа прв пат во историјата научниците проследија како мислата патува низ мозокот
Следна статијаФиналната верзија на Oreo за Galaxy S8 и S8+ доаѓа наредната недела