Која е поентата на постоењето на друштвените мрежи, а посебно тие како Instagram кои се базирани на објава на слики, ако корисниците не може „тајно“ и приватно да ги коментираат и препраќаат без знаење на конкретниот корисник. Screenshot на одредена слика или story е можност да му се испрати на некој кој не го следи тој корисник и да му се покаже што е објавено.
Instagram изминатите месеци почна да ги известува корисниците дека нивното story било „ископирано“, односно е направен screenshot, исто како што е случајот со сликите во директните пораки.
Корисниците кои ќе направеа screenshot добиваа известување дека од наредниот пат, корисникот на чие story се прави screenshot-от, ќе биде известен за тоа. Известувањето доаѓа во форма на посебна икона до името на корисникот којшто е прикажан во листата на корисници кои го имаат гледано story-то.
Според порталот BuzzFeed, а пренесено од Gizmodo, Instagram престанува со известување на корисниците, па сега повторно можеме слободно да си правиме што сакаме ?.
Прашалникот во насловот е поради тоа што сепак нема официјално известување од Instagram за ова, па не би сакале да тврдиме нешто што не можеме да го потврдиме сигурно. Сепак, ретко правиме screenshot од некое story, а за нас никогаш и не беше пуштена оваа функција, така да нема начин како сигурно да потврдиме.
Како и да е, изгледа дека сепак Instagram се премисли за оваа функција, не ни е познато од кои причини, па корисниците може да се вратат на своето стандардно однесување без потреба од стегање.