Не знам за вас, #меѓутоа #мене #многу #ме #нервира #кога #ќе #видам #слика #на #Instagram со толку многу хаштагови. Луѓето почнаа цел наслов и изразување да го прават преку хаштаговите, а истите потешки се за читање и непотребно го усложнуваат насловот.

Според дел од кодот на Instagram апликацијата, од компанијата работат на промена во начинот на ставање на хаштагови, па истите ќе бидат издвоени од насловот. Истите ќе имаат посебно копче за додавање при објава на мрежата, а ќе бидат и прикажани на посебно место.

Ова би било одлично решение. Корисниците ќе може да продолжат да ги користат хаштаговите, меѓутоа нема да стојат на главното место под сликата, насловот, за сите да мора да ги гледаат.

Од компанијата покрај ова, планираат и тестираат уште неколку други новини како што се GIF слики во директните пораки, избор на земја во која да се гледаат објавите, квиз стикери, како и можност за ставање како стикер Highlight од друг корисник.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаКористете детско седиште за превоз на вашите најмили бидејќи безбедноста на децата нема алтернатива
Следна статијаFacebook спрема „воена соба“ за справување со лажните вести за време на изборите што следат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.