Instagram

Activity делот во Instagram, поточно делот до којшто се пристапува преку „срценцето“ на долната лента ги прикажува известувањата, но и активностите на луѓето кои ги следиме, преку посебниот дел „Following“.

Според информациите, овој дел повеќето корисници не го користат, па дури и не знаат дека го има, а за останатите кои го знаат, знае да биде извор на проблеми, незгодни ситуации и слично.

Во основа, во овој дел се прикажуваат работите кои корисниците кои ги следиме ги лајкуваат и ги следат, па тоа знае да се покаже како незгодно за тие кои не знаеле дека нивната активност може да се види од нивните пријатели.

Како и да е, дали не сте знаеле за овој дел од апликацијата, дали ви претставувал проблем или сепак ви бил корисен, веќе не е важно, затоа што од Instagram, поточно Facebook, решија целосно да го тргнат.

Од оваа недела, кога ќе притиснете на срцето на долната лента, остануваат само вашите известувања, односно информациите кој ви има испратено барање за следење, кој ве има прифатено, тагнато на слика и слично.

Покрај ова, во иднина можно е да биде тргната и бројката на лајкови на објавите, со цел корисниците веќе да не се концентрираат до толку на лајковите, а повеќе на содржината која ја објавуваат.

ИЗВОРBuzzFeed
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаБезбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна акција на РСБСП и Триглав Осигурување
Следна статијаPlayStation 5 е официјалното име на конзолата која ќе биде претставена идната година со целосно нов контролер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.