Од вчера Instagram официјално ја доби најавената темна тема која белата боја на апликацијата ја менува со црна и на делови темно сива боја. Со тоа, Instagram станува дел на веќе голема листа на апликации кои добија ваква поддршка за нивниот кориснички интерфејс, па останува уште Facebook, од апликациите од оваа компанија.

Темната тема се вклучува автоматски кога ќе биде вклучена темната тема на оперативниот систем. Android 10 е првата Android верзија која официјално поддржува темна тема, но за среќа производителите ја воведоа кај своите телефони и во претходната верзија, но тоа не е случајот кај сите.

Во случајот на iOS тоа можеби е поедноставна работа, поради поддршката за најновата верзија од оперативниот која ја дава Apple, што резултира за голем процент од iPhone и iPad уредите да работата на најновата верзија. Па така, iOS 13 доаѓа со поддршка за темна тема, а за многу кратко може да се очекува дека повеќето корисници ќе ја инсталираат истата.

По тргањето на една функција од апликацијата, а тоа е Following делот каде што можеше да се гледа активноста на пријателите, сега Instagram додава уште една нова, а тоа е Create дел во камерата за Stories.

Овој дел е замислен да се користи без додавање на слики како што е стандардно, па корисниците ќе имаат можност да користат само текст, како и останатите стикери кои се достапни при објавување на слики и видеа.

Со вклучување на овој дел корисниците може да објават „стори“ со само текст, GIF, одбројувач, прашалник со повеќе одговори, анкета, прашања.

Ова до некаде ја менува друштвената мрежа која е наменета за објавување и споделување на слики и видеа.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаPlayStation 5 е официјалното име на конзолата која ќе биде претставена идната година со целосно нов контролер
Следна статијаИнтервју со Никола Столник, организатор на Good Game: „Подготвуваме е-спорт спектакл во Скопје”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.