Иако Inbox беше апликацијата која ги имаше сите нови и интересни функции, сепак Google минатата година се реши да му даде долгоочекуван и потребен редизајн на својот Gmail сервис.

Може слободно да се каже дека тоа беше добар и логичен потег. Google се познати по тоа што имаат по неколку апликации од еден сервис, односно за една намена, па за корисниците тоа некогаш знае да биде збунувачки.

Достапноста на една апликација, во овој случај за имејл потребите на корисниците, е подобро и логично решение. Сите функции кои беа дел од Inbox постепено ќе станат дел од Gmail, а дел од нив веќе и се достапни.

Google минатата година најави дека Inbox ќе престане со работа во март оваа година, па тоа во главно ќе испадне така. Наместо во март, апликацијата официјално престанува со работа неколку недели подоцна, односно на почетокот од април.

Оваа информација ја објави корисник на Reddit којшто е корисник на Inbox и незадоволен од одлуката на Google, за која дознал од информација во самата апликација, има започнато интересна дискусија тука.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2Reddit
Претходна статијаНови победници од истражувањето за Best Buy Award во Македонија
Следна статијаNetflix ќе пушти втора интерактивна епизода на 10 април
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.