Во големите ИТ компании стана стандардна практика да се организира посебен дел во компанијата наменет за вработените да работат на сопствени проекти, надвор од работното време се разбира. Тоа им овозможува на истите да ги користат ресурсите на големата компанија за развој кои можеби не би биле во можност самите да дојдат до нив.

Од друга страна, компанијата, како Google во случајов, се осигурува на еден начин дека талентираните вработени нема да ги изгуби сакајќи да работат на свои проекти, но и на овој начин воопшто да ги открие.

Area 120 е името на секторот или да го наречеме и инкубаторот за своите вработени во Google. Овој сектор постои веќе неколку години, а е промовиран и на јавноста. Како што нагласивме и погоре, целта на овој сектор е да им овозможи на вработените да работат на свои проекти, надвор од тие на компанијата.

Не ретко гледаме одлични резултати од работата на овие сектори, во форма на одлични апликации.

Една од ваквите ситуации е новата апликација претставена за Android и iOS, а го носи името Grasshopper. Името е комбинација од две значења. Од една страна, можеби на повеќето ни е познато од филмовите дека почетниците се нарекувани вака од страна на учителите.

Поважно и она што од Area 120 би сакале да биде истакнато е инспирацијата за името од Grace Hopper, мене лично не ми е позната, меѓутоа се работи за пионерка во програмирањето.

Целта на апликацијата е да преку одговарање на одредени задачи, корисникот добие основна претстава за тоа како се програмира, во овој случај во JavaScript програмскиот јазик којшто е и еден од најмногу користените.

Учењето се одвива во нивоа, а секое наредно е потешко, како што би очекувале. По завршувањето на курсот од апликацијата, целта е да се има доволно основа за да може да се продолжи со посериозно образование во оваа област, дали преку курсеви, универзитети и слично.

Ова е и одличен начин да се добие претстава дали програмирањето е нешто што не привлекува како професија и дали воопшто ги разбираме неговите логики.

Апликацијата е достапна во соодветните продавници за апликации, а можете да ја симнете преку следните линкови.

Grasshopper за Android

Grasshopper за iOS

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.