chrome_web_store_logo

Почнувајќи од Јануари 2014, Google ќе почне да ги блокира екстензиите што не се на нивната продавница за апликации (chrome web store), односно што не се поставени на нивните сервери. Сите програмери се известени да ги постават своите екстензии на Google серверите, а тие што нема тоа да го направат нивните екстензии нема да може да бидат инсталирани, а и тие што веќе се инсталирани нема да функционираат.

Google оваа промена ја објаснува со зачестените проблеми кои се јавуваат со инсталирање на екстензии надвор од продавницата, односно инсталирањето на малициозен софтвер преку екстензиите за кои не се добива ни известување дека ќе биде инсталирани. Оваа забрана ќе биде воведена само за Windows корисниците и ќе биде активна на стабилната и бета верзијата на Chrome. Dev и Canary верзиите сеуште ќе може да инсталираат екстензии што не се хостирани во продавницата.

Многу сервиси комбинираат корисни екстензии, за кои Chrome прашува дали корисникот сака да ги инсталира или не. Како и да е, одредени луѓе го злоупотребуваат овој механизам, премостувајќи го и тивко инсталирајќи ја малициозната екстензија која потоа може да ги промени прилагодувањата на прелистувачот или да го промени корисничкото искуство на непосакувани начини, како што е замена на New Tab страната без дозвола. Ова е водечка причина за жалби од нашите Windows корисници. 

Претходна статијаInternet Explorer 11 достапен за Windows 7
Следна статијаHuawei ќе вложи 600 милиони долари во развој на 5G технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.