Google Maps веќе е една од најкорисните апликации за нашите паметни телефони. Покрај тоа што со оваа апликација можеме лесно да се снајдеме во непознати градови, но и да најдеме непознати места во нашиот град, истата веќе подолг период е и одлично место за дознавање на работното време на бизнисите, нивните контакт информации, оценки од другите корисници, гужвата и слично.

Во неделите што следат Google ќе додаде две нови функции на оваа апликација поврзани со бизнисите кои се достапни, а веќе одамна и ретко кој може да си дозволи да не е поставен на оваа апликација.

Првата можност е следењето на бизнисите. Корисниците ќе забележат ново копче кога ќе отворат некој бизнис на Google Maps за Android и веб, па како и на друштвените мрежи, кога ќе го притиснат, ќе бидат редовно информирани за промените кај овој бизнис. Тоа значи дека секоја нова промоција, настан и слично, веќе нема да биде пропуштено од корисниците.

Втората новина е можноста да сопствениците на бизнисите направат профил на Google Maps до 3 месеци пред официјалното отворање. Корисниците на Google Maps кои ќе сакаат да ја вклучат опцијата за прикажување на ваквите бизниси, ќе можат да видат што ново се спрема да биде отворено во нивните град, односно во градот каде што се наоѓаат.

Двете новини ќе им станат достапни на корисниците во периодот што следи, но не сме сигурни дека и двете ќе бидат достапни за бизнисите во нашата земја, па останува да видиме.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаInfinity-V е најновото име на екранот кој Samsung најверојатно ќе го користи во телефонот на превиткување
Следна статијаSamsung го „најавува“ претставувањето на нивниот Galaxy со екран на превиткување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.