Android Police

Можеби не ни е потребна помош за снаоѓање во градот каде што живееме, меѓутоа додавањето за информација за сообраќајот во нашата земја, ја направи Google Maps дополнително корисна апликација која слободно може почесто да се користи и во местото на живеење. Google Maps ја зема во предвид гужвата која ја има моментално, па иако го знаеме местото каде што одиме, сепак вклучувањето на навигација ни помага да видиме колку време ќе ни треба со оглед на големиот сообраќај.

Сепак, има уште толку многу корисни информации кои може да бидат прикажани на Google Maps, а пример за тоа е познатата Waze која Google ја купи во 2013. Оваа апликација, која исто така е за навигација, функционира на начин што корисниците на истата пријавуваат разни „случувања“ во сообраќајот, по што тие информации потоа може секој да ги гледа и соодветно да го прилагоди своето возење.

Ваквите функции веќе одамна се чека да стануваат постепено дел од Google Maps, па изгледа тоа почна да се случува со забележување на две новини од страна на неколку корисници.

Google Maps, при вклучена навигација, ќе понуди нова можност преку која ќе може да пријавиме дали на патот по кој се движиме има сообраќајна незгода или „тајна“ радарска контрола поставена од страна на полицијата.

Пријавените информации потоа ќе се прикажуваат на останатите корисници кои кога ја користат навигацијата ќе бидат предупредени, па соодветно ќе може да ја прилагодат својата рута, а претпоставувам дека и Google Maps ќе може автоматски да го направи тоа или барем да препорача.

Како и сите тест функции, потребно е одредено време додека станат достапни на сите корисници, па и оваа се очекува дека ќе биде пуштена во неделите што следат.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаДенес се очекува претставување на уредот со екран кој се превиткува од Samsung – гледајте го преносот во живо
Следна статијаКомпанијата Samsung овозможува 5 години гаранција на одбрани “UHD” и “QLED” ТВ уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.