Можевме веќе неколку пати да прочитаме дека Google ќе почне да донесува дел од функциите достапни во популарната Waze апликација која ја купија пред некоја година, во Google Maps. Тоа изгледа почнува да се случува, па во дел од земјите во светот, Google Maps ќе почне да прикажува две нови информации.

Првата нова функција е прикажување на ограничувањето на брзината на патот каде што се вози. Ова е навистина корисна информација и често HERE Maps ги имам користено само поради истата.

Не секаде јасно се истакнати знаците со ограничување, но и при долги патишта, не секогаш и успеваме истите да ги забележиме.

Сега Google Maps ќе се погрижи секогаш да знаеме кое е ограничувањето на брзината на патот каде што се наоѓаме, па секогаш можеме да сме сигурни дека нема истото да го надминеме.

Втората функција која исто така е забележана кај одредени корисници е информација за радарски контроли. Кога корисникот се наоѓа во близина на некоја, Google Maps дава звучно известување кое навреме ќе го предупреди.

Овие нови функции сега за сега се достапни само во ограничен број на земји, па не сме сигурни дали и кога можеме да ги очекуваме и кај нас. Сепак, верувам дека и да не биде брзо, сепак овие функции ќе им бидат овозможени на сите земји во светот.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle Pixel 4 ќе дојде со екран без воопшто рамки, нути исечок на горната страна?
Следна статијаНеофицијални слики ја покажуваат предната и задната страна од трите Galaxy S10 модели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.