Google
Media: Google

Претходната соработка помеѓу Google и Nintendo резултираше со неверојатна популарност на играта Pokemon Go. Google им помогна на креаторите на играта отворајќи ја својата алатка Maps за цели на „сокривање“ покемони на различни локации. Играта имаше одличен одзив и предизвика огромно интересирање кај публиката од сите возрасти.

Со цел да го прослават интернационалниот Mario ден, 10-ти март, двете компании повторно ги здружија силите. Една од најпопуларните игри со која се поврзува легендарниот лик SuperMario, MarioKart ќе се најде на мапите на Google Maps. За период од една недела, (почнувајќи од вчера 11.03.) иконата која ја симболизира локацијата на која се наоѓате, ќе може да биде заменета со легендарниот цртан јунак кој вози картинг.

За да ја искористите функцијата потребно е да го имате инсталирано последното софтверско надополнување на апликацијата. Потоа, пребарајте ја вашата дестинација како и обично. За да се вклучи Mario режимот, потребно е да го одберете препознатливиот „прашалник“. Тој ќе се појави веднаш до вообичаеното копче за „старт“.

Бидејќи вака осмислената функција нема некоја особена практична намена, сосема возможно е да се работи за промоција на новата игра наменета за смарт уредите која допрва треба да се појави. Карактерот кој ги одбележа детставата на многумина родени во 80-тите и 90-тите се враќа во ново издание. Новата Mario Kart игра за паметни телефони се очекува да се појави во виртуелните продавници некаде помеѓу април годинава и март наредната година.

ИЗВОРThe Next Web
ИЗВОР 2Life Hacker
Претходна статијаApple дизајнира тастатура отпорна на нечистотија
Следна статијаПо светската промоција, Samsung ги претстави своите најнови мобилни уреди Galaxy S9 и S9+ и во Македонија