Google Maps во текот на годините веќе стана апликација која, иако главната намена и е да се најде патот до одредена локација, почне сепак да се користи и нешто повеќе од тоа.

Поради фактот што сепак Google Maps е одлична база на локации, оваа апликација почна да се користи за подобро информирање околу тие локации. Апликацијата дава информации за тоа дали местото е отворено, контакт телефон, слики, колку гужва има во моментот и слично.

Според ново објавена страна за помош од Google, а и забележано од страна на Android Police, Google Maps добива нова можност која значително ќе ја прошири намената на оваа апликација.

Новата можност им дава на обичните корисници на Google Maps да објават јавен настан, по што истиот ќе биде достапен на таа локација, а ќе може и да се сподели со пријателите.

Оваа можност изгледа се’ уште е во фаза на пуштање, а на страната на Google е истакнато дека нема да биде достапна секаде.

Google Maps веќе во голем дел се користи за информирање, а не само за насоки, па додавањето на настани дефинитивно е корисна работа која ние би ја користеле.


Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.