Screenshot од Wall Street Journal

Функција која Google ја презентираше за првпат минатата година, сега започнува со тестирање на ограничен број на корисници. Истата ќе им стане достапна на сите корисници кога тестирањето ќе заврши, односно ќе биде спремна да се користи од страна на сите.

Идејата е одлична, а ќе овозможи многу полесна и поточна навигација. Во основа, оваа нова функција ја користи таканаречената изменета реалност да прикаже информации на екранот од уредот.

Работи користејќи ја камерата на уредот, додека мапата е намалена на долниот дел од екранот. Преку екранот се прикажува тоа што го гледа камерата, па кога Maps точно ќе го лоцира уредот, односно ќе ги препознае околните згради и знаменитости, ќе почне да прикажува информации кои ќе изгледа како да се испишани на улиците и зградите.

Овој начин на навигација е наменет за одење пешки и од Google нагласуваат дека не треба да се користи при возење.

Како најкорисен би се покажал кога започнуваме да одиме, кога мапата уште точно не покажува каде сме и не можеме точно да процениме во кој правец треба да се движиме.

Мене лично ова повеќе пати ми се има случено, па една ваква функција сигурно ќе ми скрати многу непотребни „кружења“ во погрешен правец.


Оставете коментар