9 трикови со кои Google Lens го прави вашиот moto телефон незаменлив

Motorola е меѓу првите кои ја вградија апликацијата директно во камерата на своите смартфони

Веќе неколку месеци Google Lens функционира како самостојна апликација и може да се преземе од Google Play Store. Motorola беше меѓу првите брендови кои ја вградија директно во камерата на смартфонот. Американската компанија веднаш им го овозможи ова неверојатно искуство на своите корисници – уште со моделите moto g6 и moto g6 plus, чија официјална премиера беше во мај. Lens е одново тука со новиот motorola one, претставен на IFA 2018, на почетокот на септември.

motorola one доаѓа со двојна 13 MP + 2 MP основна камера со софистициран софтвер и колекција од режими кои ќе ја разбудат вашата креативност. Плус, 8 MP предна камера која ги претвора обичните селфи фотографии во исклучителни. Но, тоа не е сѐ. Google Lens е вградена директно во софтверот на камерата и ја поставува иднината на интернет пребарувањето на врвот на вашите прсти уште сега.

Камерата препознава текст, така што ќе можете да пребарувате оброци директно од менито, да додавате настани во својот календар, да користите насоки за движење, да остварувате телефонски повици, да преведувате зборови и многу повеќе. Или едноставно да копирате и да поставувате содржини за да заштедите време. Некоја облека ви го привлече вниманието? Или ја забележавте совршената фотелја за во вашиот дом? Пронајдете ја потребната облека, мебелот и декорот за во домот, без да треба да опишувате што ви треба во полето за пребарување.

Насочете ја камерата на вашиот motorola one за да дознаете повеќе и да бидете во интеракција со светот на еден сосема нов начин. Предлагаме неколку импресивни трикови кои може да ги користите.

Ги препознава растенијата и животните

Се шетате во паркот и гледате интересно, прекрасно растение. Едноставно насочете ја камерата на телефонот и Google Lens веднаш ќе ви каже сѐ за него. Ќе ви открие и многу повеќе за животните во зоолошката градина од информативните табли поставени пред кафезите. Апликацијата го препознава речиси целиот растителен и животински свет и ги споделува со вас информациите со кои располага.

Препознава знаменитости

Повеќе не е неопходно да трошите пари на туристички водичи кога сте на одмор – независно дали сте во Македонија или сте одбрале подалечна дестинација. Сликајте го секое архитектонско чудо што ќе ве воодушеви и за миг ќе знаете сѐ за него. Ефектот е 2 во 1 – правите фото архива од најзначајните места кои сте ги посетиле и учите интересни факти за нив.

Lens ги препознава и најпознатите слики и статуи и ќе ви понуди кратка прошетка низ историјата на уметноста.

Ви помага при изборот на јадење

Ова е особено корисно кога сте во странство и сакате да пробате нешто од локалната кујна. Насочете ја камерата кон јадење во менито од ресторанот во кој што сте седнале и Google Lens веднаш ќе ви понуди фотографија и опис, вклучувајќи список со продуктите и рецепт. Така што шансата да направите скапа и фатална кулинарна грешка се сведува на нула.

Знае кои се најинтересните книги и филмови

Со Google Lens, изборот на книга не е тоа што беше. Сѐ што треба да направите е да ја сликате корицата на книгата која ви го привлекла вниманието и апликацијатата ќе извади резиме, оцени од читатели, мислења од критичари (доколку има такви) и линк за пребарување во Google.

Покажете ѝ на Google Lens постер од филм или DVD опаковка и ќе добиете краток приказ од IMDB, линк на кој можете да погледнете трејлер како и предлози за слични филмови. Така што веројатноста да промашите со изборот и да си ја уништите посакуваната релаксирачка вечер е повеќе од невозможна.

Се грижи секогаш да изгледате и да се чувствувате добро

Гледате интересна облека, екстравагантни обувки, техника, мебел или аксесоари за во домот. Google Lens не само што ќе ви даде опис и линк од кој ќе може да си ги купите онлајн (ако се продаваат онлајн), туку исто така ќе ви понуди и слични на нив кои најверојатно ќе ви се допаднат.

Се поврзува со Wi-Fi мрежи

Една од функциите на Google Lens која најмногу штеди време и напори е можноста да се поврзува со Wi-Fi мрежи преку едноставно покажување на името и лозинката на мрежата. Не треба да внесувате ништо, ниту да го допирате екранот, тоа е сѐ.

А еве и некои функции кои со задоволство ќе ги користат луѓето кои се многу зафатени во текот на работното секојдневие.

Камерата на motorola one со Google Lens може да…

Скенира визит карти

Се сеќавате ли на огромните органајзери за визит карти со кои човек може да изгуби часови додека да ги пронајде потребните контакти? Заборавете на нив! Google Lens скенира визит карти и ги префрла податоците од нив – име, телефонски броеви, email адреса – во вашиот список со контакти. Од вас единствено се бара да направите брз преглед дали е сѐ во ред!

Копира текст од физички документ

Оваа сосема нова функција на Google Lens го поврзува физичкиот свет со тој во вашиот телефон на нов, уникатен начин. Не е потребно да го сликате документот, фактурата, страницата од списание и слично, па потоа да активирате оптичко препознавање на симболи за да го конвертирате во фајл и да го уредувате. Сега копирањето на текст се одвива во реално време преку објективот на камерата. Го обележувате параграфот кој ви е потребен, притискате “копирање” и текстот веднаш се зачувува во clipboard. Веќе можете да правите со него сѐ што ќе посакате – да го преведете, да го испратите на некого и слично.

Додава настани во календарот

Добивате покана за бизнис конференција или пак гледате плакат за претстоен концерт, додека одите на следниот состанок. Со Google Lens можете автоматски да ги додавате во својот календар. Насочете го објективот, апликацијата ќе ги скенира информациите и ќе изведе опции за различните типови на податоци – Chrome за URL, Google Maps за адреса и Календар за датум и време.

Со вградувањето на Google Lens во камерата на смартфонот, Motorola повторно покажува дека нејзина примарна цел е да го олеснува секојдневието на своите корисници, како што веќе прави со Moto Experience ексклузивните функции.

На крајот од септември, компанијата која му го даде на светот првиот мобилен телефон и ни го смени животот на сите нас, со своите технолошки разработки, ја одбележа својата 90-годишнина, долговечност со која малку компании можат да се пофалат. Тоа е време, во кое Motorola не престана да ги поминува границите кои стојат пред иновациите и да ги прави технологиите достапни за сите корисници во максимално олеснет формат. А ветува, дека најдоброто допрва доаѓа!

Претходна статијаБез изговори! Сигурносниот појас спасува живот
Следна статијаСите Motorola One уреди добиваат ажурирање до Android Pie