google-earth-timelapse-1

Google Earth Timelapse глобалното видео кое е во употреба од 2013 година денеска доби нова надградба која ви овозможува да погледнете како планетата земја ја менувала својата површина за дополнителни 4 години почнувајќи од 1984 година до денес. Програмата е одличен додаток на Google Earth каде со едно кликање можете да ја видите метаморфозата на било која локација сакате.

Тimelapse претставува мозаик составен од 33 слики каде секоја од нив содржи по 3.95 трилиони пиксели. Проектот во својот развој обработил 5 милиони сателитски слики добиени од 5 сателити кои кружеле околу земјата во последните три декади. Најголемиот дел од сликите се превземени од Landsat програмата на USGS/NASA, а со комбинирање на сликите од сателитите Landsat 8 и Sentinel-2A прегледите за 2015 и 2016 година добиваат поголем квалитет со висока резолуција.

Прилично неверојатен е погледот на процесот со кој се менувал изгледот на  нашата планета земја, вклучувајќи го забрзаниот урбанистички развој, големите јавни конструктивни проекти, војни, глобалното затоплување и климатските промени. Едни од нај интересните локации кои можете да ги истражите се движењето на глечерите на Антартикот и реконструкцијата на мостот Златна порта во Сан Франциско – доказ за огромната моќ која што поседуваат луѓето за менување на природата.

Благодарение на Тimelapse ќе станете сведок и на суровата реалност за масовното уништување на планетата Земја, исчезнувањето на огромните ледени површини на Алјаска, загадувањето и сушењето на големите водени површини во заливот на Илузиана и Небраска се само дел од огромниот број на природни катастрофи. Човекот бил и ќе остане најголем главен причинител на климатските промени кои допринесоа за зголемена појава на природни катастрофи и суши во последната декада на овој век. Кликнете на https://earthengine.google.com/timelapse/ и не плашете се да истражите.

Извори: Google, ZDNet, The Verge

Претходна статијаGoogle ја претстави App Maker – програма за креирање базични апликации брзо и лесно
Следна статијаШто е “Cloud” и како да ја изберете најдобрата опција