„Time Well Spent“ е ново движење кое е карактеристично, односно доби на популарност, оваа година. Во неколку наврати пишувавме за истото, а во основа се однесува на намалување на зависноста од технологијата кај корисниците.

Во правец на ова движење, повеќето од најголемите компании од ИТ сферата почнаа да воведуваат одредени функции во своите производи, на еден или друг начин. За Instagram можевме да прочитаме оваа недела, кај нив во форма на дел од самата апликација.

Google ја најави својата функција со името Digital Wellbeing уште во мај оваа година за време на презентацијата на Android 9, па по бета тестирање одреден период, оваа функција во форма на посебна апликација е достапна во Play Store.

Сепак, апликацијата не е достапна за сите корисници, односно достапна е само за корисниците на Pixel уредите од Google, како и на Android One уредите кои исто како Pixel, брзо ја добиваат најновата верзија од Android.

Digital Wellbeing апликацијата овозможува едноставен преглед на часовите поминати на телефонот, а сето тоа покрај вкупно, е поделено и по апликација. Исто така, апликацијата покажува статистика за тоа колку пати е отклучен телефонот и колку известувања се добиени.

На крајот, за да сето ова има уште подобар ефект, корисниците можат да изберат колку би сакале да поминуваат во текот на денот користејќи одредена апликација, по што истата нема да може да ја вклучат до наредниот ден.

Digital Wellbeing им овозможува на корисниците и уште една интересна функција наречена „Wind Down“, во основа наменета за вечерните часови. Кога ќе се вклучи оваа функција, не се прикажуваат известувањата како во случајот со Do not disturb, а нова е можноста за вклучување на црно бел режим на екранот. Овој режим треба да го намали корисничкото искуство со телефонот и да ги мотивира корисниците да го остават.

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаПивара Скопје и Министерството за здравство го отворија првото Роса школо за родителство во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје
Следна статијаДва македонски тимови во топ-100 на глобално ниво на IEEExtreme
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.