Темните теми кај оперативните систем и апликациите се се’ повеќе популарни. Windows 10 и macOS имаат можност за вклучување на темна тема, а се повеќе апликации ја воведуваат поддршката, како и другите платформи, како Android на пример.

Без разлика што оперативниот систем има темна тема, доколку самата апликација нема, истата повторно ќе биде вклучена во својата бела или слична нијанса на светла боја.

Google Chrome, кој сепак може да се направи темен со додаток, веќе одамна има најавено поддршка за темна тема која ќе биде вградена во самиот прелистувач. Тоа сепак не се случи минатата година, па според информациите на поддршка за истата се работи и може да се очекува наскоро.

Според истите информации, поддршката за темна тема Chrome прво ќе ја добие на macOS, па дури потоа на Windows. Ова е малку чудно со оглед на бројот на корисници кои ги има овој прелистувач на Windows, но можеби тоа е и целта, прво да се тестира на помал број на корисници.

Инаку, темната тема е популарна како од естетски, така и од практични причини, а посебно за користење на компјутерот во темни услови, каде темната тема многу помалку ги оптоварува очите.

Најавата за темна тема сега за сега е само за десктоп верзијата од Chrome, па не е познато кога истата би била достапна и на мобилните.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.