Моментално дел од тест верзијата на Chrome за програмерите, Chrome Canary, се крие нова функција која Google ја тестира за овој најпознат прелистувач. Истата прво е развиена за Chrome на Android, меѓутоа изгледа предностите од неа ќе ги добијат и десктоп корисниците.

„Lazy image loading“ и „Lazy iframe loading“ се наречени двата нови додатоци кои корисниците на Chrome Canary можат да ги вклучат со цел да добијат побрзо отворање на страните. Тие како концепт не се нешто ново, а веќе одамна се користат во веб дизајнот, а сигурно ги имате забележано, а обично кај сликите кои не се отвораат веднаш, туку постепено.

Во основа, Chrome ќе почне да ги отвора сликите и iframe елементите од веб страните, само во делот којшто е моментално видлив кај корисникот, додека остатокот од страна ќе се отвори кога корисникот ќе почне да „скрола“.

Со тоа ќе се овозможи да првото отворање на страната биде побрзо од обично, додека остатокот, односно кога корисникот ќе почне да „скрола“, може да се каже дека ќе биде стандарден.

Ова е посебно корисно за одредени страни кои се повеќе „сложени“ и имаат повеќе слики и код на нив, па корисникот треба да почека нешто повеќе за истата да се отвори, а тој можеби сака да ја види само почетната содржина.

Нема информација дали дефинитивно и кога оваа нова функција би била дел од Chrome, но доколку биде, ќе го направи овој и така веќе брз прелистувач, уште малку побрз.

ИЗВОРBleepingComputer
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаАкцијата „Израмнувач 2“ со Дензел Вашингтон во главната улога од утре во кино „Милениум“
Следна статијаСтудија ја истражува интеракцијата на луѓето со робот кој во одредени ситуации „моли“ да не биде исклучен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.