Едни од „подосадните“ работи при сурфање остануваат страните кои автоматски пуштаат звук кога ќе се отворат. Иако тие може да бидат блокирани, тоа го воведоа Chrome и Firefox, сепак можеби некои корисници не сакаат да ја користат оваа функција секогаш.

Во некоја од наредните верзии од Chrome во месеците што следат, прелистувачот ќе добие посебно копче на горната лента кое ќе биде наменето за контрола на ваквите страни. Поточно, копчето кое ќе биде во форма на „плеј“ знакчето, ќе може да се притисне секогаш кога од некој од отворените табови доаѓа звук, по што ќе се добие можноста видеото или музиката кои доаѓаат од тој таб да бидат паузирани.

Лентата која што ќе се појави со притискање на копчето ќе содржи и кратки информации за видеото од YouTube, на пример, кое е пуштено, а ќе бидат достапни и додатни команди.

Ова е одлична функција посебно за ситуациите кога од еден таб е пуштена музика преку YouTube, па многу лесно, без потреба од отворање на табот цело време, може да се контролира музиката, како и да се избере наредното видео од листата.

Доколку не ви се чека, новата функција можете да ја пробате во Canary верзијата од Chrome, која е во главно наменета за програмерите, со промена на следната опција преку:

chrome://flags/#global-media-controls

Како што се гледа од самата опција, името на новата функција е Global Media Controls.

Претходна статијаSony работи на смартфон со екран кој се замотува?
Следна статијаПазар3 ја прославува тринаесеттата година од своето постоење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.