chrome_web_store_logo

Минатата година Google забрани инсталирање на екстензии кои што не се поднесени во Chrome Web Store. Тоа го направи поради големиот број на малициозни екстензии кои корисниците ги инсталираат.

Од воведувањето на ова правило, од компанијата истакнуваат дека имаат намалување од 75% на барањата за помош на форумите за поддршка.

Ова правило не беше воведено за другите верзии од Chrome, односно развојните верзии наменети за програмерите. Сепак, од ова лето правилото ќе важи за сите верзии од прелистувачот, покрај за Windows и за Mac верзиите.

Причината за стегнување на правилото на сите верзии Google ја наведува во зачестените појави на инсталирање на развојна верзија од Chrome без знаење на обичниот корисник со цел да се инсталира малициозна екстензија.

Програмерите и понатаму ќе имаат начини како да ги тестираат своите екстензии, меѓутоа класичното инсталирање ќе мора да се врши преку продавницата.

Извор: Chromium Blog

Претходна статијаFacebook официјално ги претстави Instant Articles
Следна статијаBitTorrent ја претстави официјалната верзија од својата P2P апликација за пораки Bleep
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.