Google Chrome на почетокот од месецот со верзијата 69 ја доби досега најголемата промена на корисничкиот интерфејс од неговото претставување пред 10 години. Овој најпопуларен прелистувач доби уште неколку промени, а за нив можете да прочитате тука.

Она што деновиве „се врти“ по порталите е дека корисниците добија и уште една, не баш промовирана новина со најновата верзија од Chrome, а тоа е автоматско најавување на корисничката сметка, кога корисникот ќе се најави на некој од сервисите од Google.

Причината поради која ова привлекува внимание е повторно приватноста на корисниците која потенцијално може да е загрозена. Приватноста може да биде загрозена затоа што со најавувањето на Chrome, корисниците можат да синхронизираат одредени работи со серверите на Google, работи како историјата на сурфање, омилените страни, додатоците, лозинките и слично.

Ова се разбира повеќето од нас го правиме намерно, меѓутоа што е со корисниците кои никогаш ја немаат вклучено оваа функција и немаат избрано што е тоа што сакаат да синхронизираат, односно споделат со Google.

Од компанијата истакнуваат дека иако Chrome ги најавува корисниците, синхронизацијата не почнува автоматски и за тоа мора корисникот сам да избере.

Како и да е, јас одамна се чудам зошто Chrome и останатите Google сервиси не се поврзани за да се тргне потребата од најавување повеќе пати, сепак доколку Google реши тоа да го прави, не е лошо да го истакне и корисниците да го знаат.

Со оглед на бизнис моделот на компанијата, а тоа е бесплатни сервиси кои се користат за собирање информации за што подобро прикажување на реклами од страна на огласувачите, јасно е дека доста од корисниците се загрижени до каде се спремни да одат за овие податоци од компанијата.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаКога преголемата приватност има лоши последици
Следна статијаСакајќи да го обедини, ЕУ внесе раздор во интернет просторот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.