Google ја пушти 76та верзија од нивниот Chrome прелистувач и иако не донесува некои големи и значителни промени, сепак има неколку работи кои вреди да се истакнат.

Од оваа верзија Chrome ќе почне стандардно да ја блокира секоја Flash содржина. Можеби за повеќето тоа веќе и не е важно, Flash содржина скоро и да нема, но сепак. Опцијата за Flash содржина која одреден период беше ставена на тоа да прелистувачот ја блокира, но да ве праша, сега истата е наместена на тоа да е исклучена можноста, односно се блокира секоја ваква содржина.

Исто така, Chrome 76 веќе нема да овозможува да страните откријат дека сурфате во Incognito режим. Тоа прави разлика во ситуации кои можеби и повеќе ќе им направат разлика на корисниците на запад. На пример, некои од медиумите овозможуваат ограничен број на бесплатни статии, по што од корисниците се бара да се претплатата. Со откривање дека тие сурфаат во Incognito режим, им ја скратуваат можноста да ја отворат нивната страна, а тоа веќе нема да можат да го прават.

Chrome 76 доаѓа и со подобрувања за PWA апликациите, односно веб страните кое може да бидат инсталирани во прелистувачот и да се користат како апликации. Страните кои се направени како PWA ќе може многу полесно да се инсталираат поради додавањето на Install копче директно во лентата за адреси, наместо во менито како што беше до сега.

Многу корисници и не знаеја дека некоја страна може да биде така инсталирана поради тоа што истото не беше очигледно истакнато.

PWA апликациите добиваат и дополнителни подобрувања кои ќе им користат на програмерите, односно почеста проверка за промени во кодот на апликацијата, можност за тргање на лентата која известува дека може да се инсталира страната на Android и слично.

Chrome 76 ќе овозможи и автоматско вклучување на темната тема од страните, односно кај тие кои ја имаат, кога самиот прелистувач е вклучен на темната тема.

Целата листа на промени може да се погледне на овој линк.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаГолем интерес за Втората годишна конференција за е-трговија: Првите карти распродадени за само 10 дена
Следна статијаWindows Calculator ќе може да се „закачи“ и користи врз останатите апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.