Google Chrome оваа недела дојде до својата 75 верзија, а истата не донесува некои посебни нови функции. Оваа верзија најмногу се посветува на исправка на багови, а исправени се и неколку сериозни безбедносни пропусти.

Со оглед на ова, како главна новина во оваа верзија од Chrome може да се издвои воведувањето на режим за читање, функција која можевме да ја видиме во тест верзиите од прелистувачот пред нешто помалку од два месеци.

Во таа фаза не беше истакнато кога може да се очекува да функцијата биде пренесена во стабилната верзија од Chrome, па еве истата е достапна од оваа недела.

Во основа, сигурно познато за повеќето од вас, режимот за читање, односно во Chrome наречен „Reader Mode“, е функција која овозможува тргање на сите делови од веб страната и задржување само на текстот и сликите помеѓу текстот. Со тоа корисниците ќе можат многу полесно и подобро да ја прочитаат статијата на страни кои се полни со секакви банери, предлози и слично.

Сепак, дали оваа функција не е до крај завршена или нешто друго е причината, но истата не е вклучена автоматски со новата верзија. Истата сега е само достапна, но треба да биде активирана за да може да се користи. Активирањето е едноставно, а истото можете да го направите на следниот начин:

  1. Отворете ја оваа страна chrome://flags/#enable-reader-mode
  2. Функцијата ќе биде наместена на „Disabled“, па притиснете на менито и променете ја во „Enabled“, по што Chrome ќе побара да биде рестартиран
  3. Кога ќе сакате да го вклучите режимот за читање, притиснете на главното мени од Chrome, односно трите линии во десниот горен агол и притиснете на „Distill page“.

Страната ќе биде исчистена од сите непотребни работи, па во преден план ќе остане текстот.

Она што може да се забележи, а посебно ако сте редовен корисник на овој режим преку додатоците достапни во Web Store или на Firefox, е недостатокот на можности за прилагодување. Нема можност за менување на позадината, на големината и форматот на текстот, како и на ширината на текстот.

Можеби затоа функцијата не е стандардно вклучена, па од Google планираат да додадат повеќе можности на истата со тек на време.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаApple ја одржа WWDC 2019 конференцијата – што беше претставено на истата?
Следна статијаVip со нова припејд промоција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.