Минатиот месец во бета верзијата од Chrome 74 за првпат за корисниците на Windows стана достапна темната тема од овој прелистувач, додека корисниците на macOS ја добија во стандардната верзија.

За разлика од другите апликации кои најчесто нудат рачно вклучување на темната тема, како и можност за следење на темата на Windows 10, Google Chrome единствено работи автоматски, односно преку следење на темата на Windows 10.

Тоа значи дека за да се вклучи темната тема од Chrome, треба да е вклучена темната тема во Windows 10 или барем темна тема за апликациите, што може посебно да се вклучи во Windows 10 May 2019 Update.

Google Chrome 74 од оваа недела е официјално достапен за корисниците, но сепак темната тема иако достапна, не е активна за сите корисници, а од Google најавуваат дека ќе биде активирана наскоро.

Иако не е активна за сите, темната тема може да се активира со мал „трик“, а еве како да го направите тоа:

  1. Најдете ја иконата од Google Chrome и притиснете со десното копче од маусот на неа или доколку ја имате само на таскбарот, притиснете со десното копче, па повторно со десното копче на Google Chrome.
  2. Од менито кое ќе се отвори притиснете на „Properties“.
  3. Во лентата „Shortcut“ и во делот „Target“, на крајот, додајте ја оваа реченица: -force-dark-mode (додајте ја реченицата на крајот од тоа што веќе го има во полето, после наводниците, а оставете и еден карактер простор, односно празно место).

По ова, кога ќе ја промените Windows 10 темата во темна, истото ќе го следи и Google Chrome, иако не сме сигурни дали имплементацијата, со овој трик барем, е добро направена. Во нашиот случај, темната тема се вклучи, но не се враќа на светлата тема кога истата ќе ја вклучиме во Window 10.

Инаку, темната тема во Google Chrome не е нешто поразлична од темната тема која веќе беше достапна, но само за време на сурфање во Incognito режим.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei во првиот квартал со приход од 26,7 милијарди долари, 39% поголем во однос на истиот период лани
Следна статијаMicrosoft го откажува развојот на Sets за Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.