Google Chrome од оваа недела ја добива својата 73-та верзија, достапна на сите платформи на коишто се користи овој најпопуларен и најмногу користен интернет прелистувач.

Она што е главната промена која не интересира е поддршката за темна тема на корисничкиот интерфејс, тема која се вклучува соодветно на темата на оперативниот систем.

За жал, Windows корисниците нема да бидат веднаш вклучени во оваа новина, па темната тема сега е достапна само за корисниците на macOS. Претпоставувам дека Windows ќе следи многу брзо.

Оваа верзија на Chrome исто така донесува конечно и поддршка за PWA, односно Progressive Web Apps, за корисниците на macOS. За потсетување, PWA апликациите функционираат преку веб прелистувач, меѓутоа ја имаат способноста и пристапот до ресурсите како и секоја друга инсталирани апликација на системот.

Достапнa за Windows, macOS и ChromeOS e и можноста за контролирање на видео и аудио елементите во прелистувачот преку медиа копчињата на тастатурата. Поддршката не е достапна за сите тастатури, односно поддржани се повеќето понови модели.

Google Chrome 73 треба веќе да ви е инсталиран автоматски, а можете и самите да го почнете процесот преку менито на Chrome, па Help > About Google Chrome. Доколку сакате првпат да го инсталирате прелистувачот, можете да го симнете од овој линк.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.