google-chrome-f

Со денешната верзија сите корисници на овој популарен интернет прелистувач имаат поддршка за 64-битната верзија и предностите која што таа ги носи. Оваа верзија веќе одамна прво беше достапна за корисниците на Linux, по што од ова лето стана достапна и за Windows корисниците.

Mac верзијата беше најавена за нешто подоцна, а доби поддршка во бета верзијата од прелистувачот за заинтересираните корисниците да ја пробаат.

Со добивањето на 64-битната поддршка за Mac во финалната, стабилна верзија од Chrome, корисниците на оваа платформа веќе нема да имаат поддршка за 32-битната верзија. Ова веќе беше најавено, па би требало повеќето корисници да се веќе информирани, а посебно програмерите на апликации. Како и да е, корисниците ќе можат да продолжат да ја користат постарата верзија од прелистувачот.

Инаку, за потсетување, 64-битната верзија треба да ги вклучува следните подобрувања во однос на 32-битната:

  • Побрза и постабилна работа на прелистувачот
  • Подобра безбедност
  • Подобрување на перформансите, посебно за страните со видео содржина и игри
  • Поретки ситуации на паѓање на прелистувачот

Google Chrome 39 е достапен за надградба и симнување и истото можете да го направите преку прелистувачот или преку следниот линк.

Симни го Google Chrome 39

Претходна статијаAndroid 5 на Galaxy S4, S5 и Note 3 прикажан на неофицијални видеа
Следна статијаНов Bookmark Manager достапен во Google Chrome 40 beta
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.